МАГАЦИНИ
ОДЛИЧЕН ИЗБОР ЗА СЕКОЈА КОМПАНИЈА
24/7 видео надзор
Тврда градба
Постојана температура
ХТП дозвола потребна за увоз на стока
Оптичка инсталација
На влезот на Скопје
Карго експрес е во зградата
Утоварна рампа
Бесплатно користење на колички и вилушкари
Голем паркинг
Магацинските простории се со различна површина (50м² – 1000м²) и се наоѓаат на сутерен, приземје, III и IV спрат од магацинската зграда. Сите се магацини се опслужуваат со неколку 1,5т теретни лифтови.
Сите магацински простории се посебни простории преградени со ѕидови и клуч од истите има само закупецот, со што се гарантира максимална безбедност и приватност. Некои магацини имаат природно светло. Секој магацин има свој струјомер за фактурирање на потрошена ел. енергија. Во ниеден магацин нема довод ниту одвод на вода.
Фактурата за наем се плаќа на почеток на месецот за тековниот месец заедно со трошоците од претходниот месец.
ВИ ТРЕБА МАГАЦИНСКИ ПРОСТОР ?
Изнајмете веднаш
Нашите магацински простории се со различни квадратури, во зависност од тоа колку простор Ви треба. Складирајте ја вашата стока на безбедно и лесно достапно место.
Магацинската зграда е градена по највисоки стандарди и со одлични материјали, тврда градба со стабилна температура и без влага, чиста, добро осветлена, безбедна, со одделни машки и женски тоалети (на ниво на спрат), со телефонска и АДСЛ инсталација (Телеком), кабловска инсталација (Телекабел) и оптичка инсталација (Телекабел).
Магацинската зграда е оддалечена 500м од автопатот (клучка Ченто) на влезот во Скопје, има директен влез од главната улица (Благоја Стефковски) погоден за комбиња и шлепери (има кружно движење на возилата околу објектот), голем двор и доволен број на паркинг места за коли и комбиња. Шлеперите може да се паркираат паралелно или нормално на објектот за утовар/истовар.
Подот е од армиран бетон со носивост од 1т/м², над него има бетонска кошулица врз која е нанесен феробетонски премаз и истиот задоволува фитосанитарни услови за складирање на храна и лекови. Овој тип на магацини поседуваат ХТП дозвола неопходна за увоз на стока.
Објектот има неколку теретни лифтови (секој со носивост од 1,5т) , утоварна рампа за шлепери (H=1,1м) и истиот е под 24 часовен видео надзор.
Висината на таванот е 3,45м, кај носечки столбови e 3,00м .
На нашите закупци бесплатно им следува послужување со нашите рачни вилушкари (палетари) и колички.
Во објектот има и помали self storage магацини – 9 м²/12 м²/16 м²/18 м² на IV спрат.
Често поставувани прашања
Self storage просторите се со површина од: 9м2, 12м2, 16м2 и 18м2.
Целиот административен процес не може да се направи онлајн бидејќи мора лично да се потпише договорот за закуп и да се даде документ за лична идентификација на увид (лична карта или пасош).
Не може некој друг да потпише во Ваше име, лицето кое го изнајмува self storage просторот мора лично да го потпише договорот.
Договорот е неопходен бидејќи во него се дефинираат правата и обврските на закуподавачот (Свој Склад) и на закупецот.
Резервација не е можна бидејќи работиме на прицип прв дојден – прв услужен. Со потпишување на договорот и плаќање на првата фактура Вие станувате закупец на self storage просторот.
Веднаш по промената на вашите контакт детали (адреса, мобилен број, електронска адреса) морате да нè известите.
Објектот се наоѓа на ул. Благоја Стефковски 16, месност Триангла, населба Маџари, Скопје.
Објектот има утоварна рампа со висина од 1,1м.
Објектот има пристапна рампа за лица со инвалидитет.
Во објектот има неколку 1.5 т теретни лифтови кои се користат за транспорт на роба.
Висината на таванот е 3,45м, а кај носечките столбови е 3,00м.
Нашите закупци смеат бесплатно да се послужат со нашите рачни палетари (вилушкари) и колички.
Забрането е да се складира:
- Токсичнa, загадувачкa или контаминирана стока
- Огнено оружје, муниција и експлозиви
- Радиоактивни материи
- Опасни материи
- Живи растенија и животни
- Храна и расиплива стока
- Готовина, хартии од вредност, скапоцен накит, уметнички дела
- Отпад
- Запаливи течности вклучувајќи бензин, нафта
- Полни или празни боци со гас
Објектот е обезбеден со неколку безбедносни прстени на техничко обезбедување – 24/7 дигитален видео надзор и други безбедносни системи.
За склучување на договор за закуп неопходна е тековна состојба не постара од 6 месеци, печат и лично присуство на управителот.
Фактурата за наем се плаќа на почеток на месецот за тековниот месец, доколку не е поинаку договорено.
Во фактурата за наем има ставка потрошена електрична енергија која се одредува со месечно отчитување на контролниот струјомер за магацинот.
Во магацините нема довод ниту одвод на вода. Вода има само во тоалетите.
Разладни комори не издаваме ниту дозволуваме да се користат во нашата магацинска зграда.
Објектот има ХТП дозвола, но секој закупец мора да извади своја дозвола врз основа на договор за закуп.
Со нашите колички и рачни палетари (вилушкари) бесплатно смеат да се послужуваат нашите закупци. Не сносиме одговорност за начинот на кој закупците манипулираат со својата стока и тоа е исклучиво нивна одговорност.
Околу објектот има доволно голем двор за манипулација со шлепери и истите можат да се истовараат/утовараат на утоварната рампа паркирани напречно или паралелно.
Шлепер не смее да биде паркиран подолго од потребното за утовар/истовар бидејќи со тоа би се попречило работењето на останатите закупци.
Доколку во временскиот период кога сакате да го промените магацинот постои друг слободен магацин смеете да го промените магацинот со претходна најава, намирување на доспеаните фактури за наем, раскинување на постоечкиот договор за закуп и потпишување на нов договор за закуп .
Ви треба екстра простор?