Self Storage2024-07-28T14:00:55+01:00

SELF STORAGE

НИСКА ЦЕНА, ВИСОКА БЕЗБЕДНОСТ

SELF STORAGE S

9 м2

4000 ден.

МЕСЕЧНО*

31 м3 волумен
~6 еуро палетни места
Без екстра трошоци
24/7 видео надзор
Максимална безбедност

Препорачуваме

SELF STORAGE M

12 м2

5000 ден.

МЕСЕЧНО*

41 м3 волумен
~9 еуро палетни места
Без екстра трошоци
24/7 видео надзор
Максимална безбедност

SELF STORAGE L

16 м2

6000 ден.

МЕСЕЧНО*

55 м3 волумен
~12 еуро палетни места
Без екстра трошоци
24/7 видео надзор
Максимална безбедност

SELF STORAGE XL

18 м2

7000 ден.

МЕСЕЧНО*

62 м3 волумен
~15 еуро палетни места
Без екстра трошоци
24/7 видео надзор
Максимална безбедност

  • 24/7 видео надзор

  • Тврда градба

  • Постојана температура

  • ХТП дозвола потребна за увоз на стока

  • На влезот на Скопје

  • Брза Пратка е блиску

  • Утоварна рампа

  • Бесплатно користење на колички и вилушкари

Self storage просториите се со различна површина (9 м²/12 м²/16 м²/18 м²) и се наоѓаат IV спрат од магацинската зграда. Сите се опслужувани со 1,5т теретни лифтoви.

Сите self storage простории се оградени со челична жица и клуч од истите има само закупецот, со што се гарантира максимална безбедност. Во ниедна self storage просторија нема штекери или довод на вода бидејќи нивната намена е исклучиво за складирање.

Фактурата за наем е со фиксен износ бидејќи освен трошокот за наем други дополнителни трошоци нема.

 

ВИ ТРЕБА МАГАЦИН ?

Изнајмете веднаш

Нашите магацински простории се со различни квадратури, во зависност од тоа колку простор Ви треба. Складирајте ги вашите работи на безбедно и лесно достапно место.

ПОБАРАЈТЕ ПОНУДА ВЕДНАШ

Self storage просториите се наменети за:

  • Физички лица – складирање на мебел, електрични апарати и покуќнина поради реновирање, селење или едноставно поради потреба од дополнителен простор.
  • Правни лица – интернет продавници, текстилни продавници, книжариници, маркетинг агенции, продукциски куќи, складирање на канцелариски мебел и др. Складирање на храна, пијалоци и артикли кои доаѓаат во контакт со храна не е дозволено.

Блиску до зградата е сместена и курирската служба Брза Пратка што дополнително го олеснува работењето на е-продавниците кои имаат простор во Свој Склад.

Магацинската зграда е градена по ЈУ стандарди, истата е од тврда градба со стабилна температура и без влага, чиста, добро осветлена, безбедна, со одделни машки и женски тоалети на ниво на спрат.

ХТП дозвола – Хигиенско техничкаta дозвола издадена од надлежните органи потврдува дека објектот ги исполнува потребните хигиенско-технички услови и стандарди. Оваа дозвола потврдува дека објектот е безбеден за јавното здравје и дека нема да предизвика штетни ефекти врз животната средина или луѓето, a во исто време потврдува дека стоката складирана во објектот е безбедна од надворешни влијанија. Без оваа дозвола компаниите не можат да увезат стока од странство.

Подот е од армиран бетон со носивост од 1т/м², над него има бетонска кошулица врз која е нанесен феробетонски премаз.

Нашите магацини се опслужуваат со неколку теретни лифтови (секој со носивост од 1,5т), утоварна рампа за шлепери (H=1,1м). Објектот е под 24 часовен видео надзор.

Висината на таванот е 3,45м, а кај носечки столбови висината е 3,00м .

На нашите закупци бесплатно им следува послужување со нашите рачни вилушкари (палетари) и колички.

Магацинската зграда е оддалечена 500м од автопатот (клучка Ченто) на влезот во Скопје, до паркингот на зградата има директен влез од главната улица (Благоја Стефковски).

Дворот е целосно асфалтиран, доволно е простран за манипулација на комбиња, камиони и шлепери. Има доволен број на паркинг места за коли и комбиња, и можно е кружно движење на возилата околу објектот.

Шлеперите може да се паркираат паралелно или нормално на објектот за утовар или истовар.

Утоварната рампа е под настрешница што овозможува утовар или истовар во секакви временски услови, и истата е одлично осветлена овозможувајќи утовар или истовар во секое време од денот.

*  За договор за закуп склучен и платен за 1 година. За пократок период цената е различна. Важат нашите правила и услови.

 

Често поставувани прашања

Што е self storage?2024-08-29T15:00:29+01:00

Self storage е услуга која подразбира издавање на магацински простор (9м2 – 18м2) на физички и правни лица наменет исклучиво за складирање на роба, без можност за работа или живеење во магацинот. Месечната закупнина е фиксна т.е. нема дополнителни трошоци.

 

Како функционира self storage?2024-08-29T15:00:29+01:00

Self storage просторот се заклучува со катанец кој закупецот сам го обезбедува за да биде сигурен дека до истиот пристап има само тој/таа. Манипулацијата со стоката ја врши само закупецот.

Кои се големините на self storage просторите?2024-08-29T15:00:28+01:00

Self storage просторите се со површина од: 9м2, 12м2, 16м2 и 18м2.

Дали е се self storage просториите безбедни?2024-08-29T15:00:28+01:00

Нашите self storage простори се наоѓаат во нашата магацинска зграда која е заштитена со повеќе безбедносни прстени на техничко обезбедување – 24/7 дигитален видео надзор и други безбедносни системи.

Робата која е оставена во нашите self storage простории е сигурна од сите временски непогоди и нема голема разлика во температурите низ годината бидејќи зградата е од тврда градба градена по највисоките ЈУ стандарди.

Дали има температурни варијации?2024-08-29T15:00:27+01:00

Магацинската зграда во која се нашите self storage простори е од тврда градба. Нема големи температурни варијации, температурата никогаш не оди под 8⁰C ниту над 28⁰C и нема влага во зградата.

Дали може да го видам self storage магацинот пред да го изнајмам?2024-08-29T15:00:27+01:00

Секако дека може, со претходна најава на телефон или електронска пошта.

Дали има дополнителни трошоци?2024-08-29T15:00:27+01:00

Кај self storage просторот добивате месечна фактура со фиксен износ и нема никакви дополнителни трошоци.

Дали постои отказен рок?2024-08-29T15:00:26+01:00

Отказниот рок е 1 месец.

Дали има штекер во self storage магацинот?2024-08-29T22:27:37+01:00

Во self storage магацинот нема штекери бидејќи не е дозволено да се користат никакви машини, ниту да се работи во истиот. Доколку имате потреба од струја во нашата зграда има поголеми магацини со довод на струја која се плаќа месечно според потрошеното.

Дали смеам да го преградам просторот?2024-08-29T15:00:26+01:00

Просторот е ограден со челична мрежа и не смее да се преправа на било кој начин.

Колкав е минималниот период на закуп?2024-08-29T15:00:26+01:00

Минималниот период на закуп на self storage просторот е 1 (еден) месец.

Дали смеам сам да го управувам рачниот палетар?2024-08-29T15:00:25+01:00

Рачниот палетар смеете да го управувате на Ваша одговорност.

Дали има опрема во self storage магацинот?2024-08-29T22:23:30+01:00

Self storage магацинот нема никаква опрема (полици, штекери и сл.) – се издава чист и празен и по напуштање на истиот се враќа празен и чист.

Како се плаќа закупнината?2024-08-29T15:00:25+01:00

Закупнината се плаќа исклучиво преку банкарска уплатница – уплата на наша банкарска сметка.

Кога почнувам со плаќање?2024-08-29T15:00:24+01:00

Првата фактура за наем се плаќа во исто време кога се потпишува договорот за наем.

Дали може сè да се направи онлајн?2024-08-29T15:00:24+01:00

Целиот административен процес не може да се направи онлајн бидејќи мора лично да се потпише договорот за закуп и да се даде документ за лична идентификација на увид (лична карта или пасош).

Дали може некој друг да потпише во мое име?2024-08-29T15:00:24+01:00

Не може некој друг да потпише во Ваше име, лицето кое го изнајмува self storage просторот мора лично да го потпише договорот.

Зошто е договорот неопходен?2024-08-29T15:00:14+01:00

Договорот е неопходен бидејќи во него се дефинираат правата и обврските на закуподавачот (Свој Склад) и на закупецот.

Дали можам да резервирам а подоцна да платам?2024-08-29T15:00:13+01:00

Резервација не е можна бидејќи работиме на прицип прв дојден – прв услужен. Со потпишување на договорот и плаќање на првата фактура Вие станувате закупец на self storage просторот.

Моите контакт детали се сменети, како да Ве известам?2024-08-29T15:00:13+01:00

Веднаш по промената на вашите контакт детали (адреса, мобилен број, електронска адреса) морате да нè известите.

Дали можам да се вселам веднаш?2024-08-29T15:00:13+01:00

Доколку постои слободен self storage простор, штом го потпишете договор и ја платите факутрата за наем може да се вселите веднаш.

Дали можам да користам свој катанец?2024-08-29T15:00:12+01:00

Секој закупец на self storage простор мора да си донесе свој катанец за заклучување на својот простор.

Дали морам да бидам присутен/присутна при вселувањето?2024-08-29T15:00:12+01:00

Иако не е задолжително да сте присутни кога се вселувате во self storage магацинот истото е пожелно како би контролирале како се растовараат и складираат вашите работи.

Дали асистирате при вселување?2024-08-29T15:00:12+01:00

Свој Склад издава магацински простор, но не дава услуги на транспорт и манипулација со стока. За таква услуга Ве советуваме да побарате понуди на интернет огласниците.

Немам документ за лична идентификација, дали може да изнајмам self storage простор?2024-08-29T15:00:12+01:00

Документ за лична идентификација е задолжителен при изнајмување на self storage простор и без него не може да се склучи договор за наем.

Дали смеам да складирам туѓи работи?2024-08-29T15:00:11+01:00

Сите работи кои ги складирате се на Ваша одговорност и Вие одговарате за потеклото на истите.

Кој има пристап до мојот self storage простор?2024-08-29T15:00:10+01:00

Пристап до Вашиот self storage простор имате Вие и лицата на кои Вие ќе им дозволите. Вие сносите полна одговорност за нивното однесување и сте одговорни доколку настане штета на било кој дел од објектот во кој е сместен Свој Склад.

Дали има отказен рок?2024-08-29T15:00:10+01:00

Отказниот рок е 30 дена.

Како да ве известам за откажување на договорот?2024-08-29T15:00:08+01:00

Условите за откажување на договорот се наведени во договорот за закуп.

Дали морам да ги исчистам просторот после иселувањето?2024-08-29T15:00:06+01:00

Да, тоа е Ваша обврска кој е дефинирана во договорот, исто како што се дефинирани и последниците од непочитување на оваа обврска.

Дали асистирате при иселување?2024-08-29T15:00:04+01:00

Ние само издаваме магацински простор, но не даваме услуги на транспорт и манипулација со стока. За таква услуга Ве советуваме да побарате понуди на интернет огласниците.

Каде се наоѓа објектот?2024-08-29T15:00:00+01:00

Објектот се наоѓа на ул. Благоја Стефковски 16, месност Триангла, населба Маџари, Скопје.

Каде се наоѓа self storage одделот?2024-08-29T14:59:57+01:00

Self storage одделот се наоѓа на IV спрат во објектот.

Дали има утоварна рампа?2024-08-29T14:59:56+01:00

Објектот има утоварна рампа со висина од 1,1м, настрешница и е одлично осветлена.

Дали има пристап за лица со инвалидитет?2024-08-29T14:59:56+01:00

Објектот има пристапна рампа за лица со инвалидитет.

Дали има лифтови?2024-08-29T14:59:56+01:00

Во објектот има неколку 1.5 т теретни лифтови кои се користат за транспорт на роба.

Колкава е висината на таванот?2024-08-29T14:59:55+01:00

Висината на таванот е 3,45м, а кај носечките столбови е 3,00м.

Дали нудите услуга манипулација на роба?2024-08-29T14:59:40+01:00

Таква опција не нудиме.

Дали нудите бесплатно послужување со колички и рачни палетари (вилушкари)?2024-08-29T14:59:40+01:00

Нашите закупци смеат бесплатно да се послужат со нашите рачни палетари (вилушкари) и колички.

Дали има телефонска линија или WiFi во магацините?2024-08-29T22:30:44+01:00

Објектот има телефонски, кабелски и оптички инсталации но истите се наменети за магацините со површина од најмалку 50м².

Дали има светло во секој self storage магацин?2024-08-29T22:26:34+01:00

Светло има во заедничкиот ходник и истото е доволно за сите self storage магацини.

Што е забрането да се складира?2024-08-29T14:59:37+01:00

Забрането е да се складира:

  1. Токсичнa, загадувачкa, контаминирана или корозивна стока
  2. Огнено оружје, муниција и експлозиви
  3. Радиоактивни материи
  4. Опасни материи
  5. Живи растенија и животни
  6. Храна и расиплива стока
  7. Готовина, хартии од вредност, скапоцен накит, уметнички дела
  8. Отпад
  9. Запаливи течности вклучувајќи бензин, нафта
  10. Полни или празни боци со гас
  11. Растресита стока
Дали продавате или купувате еуро палети?2024-08-29T14:59:14+01:00

Ние не продаваме ниту купуваме еуро палети но можеме да Ве упатиме каде да се обратите доколку сакате да купите или продадете еуро палети.

Ви треба екстра простор?

Побарајте понуда