ЗА НАС
ПРОФЕСИОНАЛЕН МАГАЦИНСКИ СЕРВИС СО ДОЛГОГОДИШНО ИСКУСТВО
Нашата приказна почнува во 1993 година со формирањето на нашата компанија чија основна дејност е издавање на сопствен имот и реиздавање на туѓ имот под закуп.
Повеќедецениското успешно работење е резултат на секојдневниот стремеж за подобрување на условите во self storage и во магацинските простории преку внимателно слушање на барањата и потребите на нашите закупци, одговарање на пазарните потреби и постојаните инвестиции кои ги правиме во сите делови на нашето работење.
Нашите вредности се:
- Услужливост
Свој Склад постои за да им помогне на луѓето и компаниите и да го олесни притисокот врз нив. Ние постојано се стремиме да им го олесниме работењето на нашите закупци - Емпатија
Ние секогаш внимателно слушаме и се ставаме на местото на луѓето кои ги услужуваме, разбирајќи како точно можеме да го олесниме нивниот товар - Флексибилност
Секогаш сме флексибилни и го адаптираме нашиот сервис така што би ги задоволил барањата и потребите на нашите закупци - Иновативност
Се стремиме преку иновации да го движиме нашето работење напред и никогаш не прифаќаме статус кво - Интегритет
Во секоја ситуација пристапуваме со целосна посветеност кон решавање на истата. Ова важи за сите наши закупци, соработници, добавувачи и сервисен персонал
НАШАТА МАГАЦИНСКА ЗГРАДА
Главните карактеристики на зградата се:
- Индивидуални магацински простории
Сите магацински простории со површина поголема од 50м² се посебни простории преградени со ѕидови и клуч од истите има само закупецот, со што се гарантира максимална безбедност и приватност. Повеќето магацини имаат природно светло. Секој магацин има свој струјомер за фактурирање на потрошена електрична енергија. Во ниеден магацин нема довод ниту одвод на вода, тоа го има само во тоалетите кои се заеднички за цел спрат (одделни машки и женски тоалети) - Видео надзор
24/7 постојан видео надзор – еден од повеќето прстени на техничко обезбедување кои континуирано ги подобруваме преку инвестиции бидејќи сигурноста и безбедноста на нашите закупци и нивната стока е наш врвен приоритет - Телекомуникациски приклучоци
- Телеком фиксна телефонија и АДСЛ интернет
- Телекабел фиксна телефонија, кабловска телевизија и кабловски интернет
- Телекабел оптички интернет
- Утоварна рампа
Целиот објект е граден на висина од 1,1м – има утоварна рампа по целата должина на зградата што овозможува лесен утовар/истовар на стока само со рачен палетар. Утоварната рампа е под настрешница што овозоможува утовар/истовар во секакви временски услови и истата е одлично осветлена овозможувајќи утпвар/истовар во секое време од денот. Шлеперите за утовар/истовар можат да се паркираат паралелно или нормално на објектот. Поседуваме додатоци кои овозможуваат лесен влез на рачни палетари во приколката на шлеперот - Пристапна рампа за лица со инвалидитет
Во објектот постои коса бетонска рампа за лица со телесна попреченост преку која истите можат да влезат на приземниот дел од нашата магацинска зграда и потоа да стигнат до останатите спратови во магацинската зграда со помош на лифтовите - Бесплатно послужување со нашите рачни вилушкари (палетари) и колички
Сите наши закупци можат бесплатно да се послужат со нашите рачни вилушкари (палетари) и колички во рамките на нашата магацинска зграда за полесно манипулирање со стоката, а притоа да не мораат да вложуваат средства за набавка на вилушкари или колички - Квалитетна градба
- Температурата во внатрешноста на објектот во зима никогаш не е пониска од 10⁰C – нема опасност од оштетување на складираната стока
- Подот е од армиран бетон со носивост од 1т/м², над кој има бетонска кошулица врз која е нанесен феробетонски премаз и истиот задоволува фитосанитарни услови за складирање на сточна храна, ветеринарни лекови, храна и лекови
- Теретни лифтови (носивост од 1,5т/лифт)
- Пожарни скали за евакуација
- Висина на таван 3,45м , кај носечки столбови 3,00м
- Магацините исполнуваат ХТП услови. ХТП дозволата е неопходна за увоз на стока
- Магацинската зграда е опслужувана со сопствен трансформатор, градски водовод, градска канализација и посебен контејнер за отпад кој се празни неколку пати во неделата
- Паркинг простор
Дворот на зградата е целосно асфалтиран, доволно е простран за манипулација на комбиња, камиони и шлепери. Има доволен број на паркинг места за коли и комбиња во работно време и можно е кружно движење на возилата околу објектот - Курирска служба блиску до зградата
Блиску до нашата зграда е сместена курирската служба Брза Пратка чии услуги ги користат повеќе наши закупци за брзо и сигурно праќање на стока низ земјата, особено закупците кои имаат e-продавница - Одлична местоположба
- East Gate Mall е оддалечен само 3км
- Центарот на Скопје – „Рекорд“ е оддалечен само 5км
- Повеќе директни градски и приградски автобуски линии ја поврзуваат нашата магацинска зграда со различни делови од градот
- Се наоѓаме во нас. Маџари, месност Триангла на влезот во Скопје (клучка Ченто) – камионите не мораат да влегуваат во централното градско подрачје
- Одлична микролокација
Во непосредна близина има неколку добро снабдени супермаркети, сендвичари и бензински пумпи кои работат 24/7
Ви треба екстра простор?